Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои дете и бебе, а десетици се повредени во израелски воздушен напад врз објект во бегалскиот камп Џабалија, на северот на Појасот Газа. На мета на израелските проектили во текот на ноќта се најдоа и Кан Јунис на југот на енклавата, како и Деир ал Балах во централниот дел на Појасот во кои загинаа вкупно 14 луѓе. По преживеани под урнатините се копаше со голи раце, со оглед на уништената механизација во ...

Израелските напади убија најмалку 40 лица во Појасот Газа во понеделник, вклучувајќи 25 во училиште претворено во засолниште кое беше погодено додека луѓето спиеја, при што избувна пожар, пренесува во понеделникот Associated Press повикувајќи се на локалните здравствени претставници. Лекарите за Reuters изјавија дека меѓу десетици жртви во нападот врз училиштето, во населбата Дараџ во градот Газа, имало жени и деца. Некои од телата биле тешко ...