„Ниту една повеќе!“ Испратена силна порака на протестот пред Министерството за внатрешни работи и кај парк „Жена борец“, како одговор на континуираното насилство над жените и сè почестите фемициди. „Јавно ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош“- велат организаторите. Насилниците се слободни, додека жените живеат во страв за своите животи. Велат - ...
По убиството на 31- годишната Росица Коцева во Велес и нејзиниот татко, расте притисокот врз институциите ефикасно да реагираат и да ги заштитат жените од насилство и фемицид. „Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците“, побараа од Либерално-демократската партија. Тие поднесоа измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, коишто во ...