Во Хрватска, од Омиш до Макарска избија 17 пожари за кои постојат сомнежи дека се подметнати. Со брзата интервенција на противпожарните служби пожарите се ставени под контрола но утринава избувна нов пожар во Писак, град во Хрватска на јадранскиот брег, а според извештаите, гори шумата над главниот пат, кој е затворен во тој дел. Увидите на терен се завшрени а полицијата наскоро ќе ги открие своите сознанија дали се работи за подметнати пожари. ...

Пожарникарите се на местото на настанот, а ситуацијата брзо се менува поради ветерот и непристапниот терен. Жителите се обидуваат да ги заштитат своите домови, додека туристите, видливо вознемирени, го напуштаат подрачјето. Засега нема информации за повредени. На прес-конференција во Макарска, заменик-началникот на Сплитско-далматинската полициска управа Синиша Михановиќ ја коментираше ситуацијата на местата на пожарот, потврдувајќи дека ...