Од 21 часот се игра натпреварот меѓу Барселона и Интер, прва битка од полуфиналето на Лигата на шампионите. Ханси Флик и Симоне Инѕаги ги отворија картите и познати се составите со кои ќе ја започна пресметката на „Монжуик“. Германецот не може да смета на двајца важни играчи, стандардни првотимци во имињата на Балде и Левандовски, меѓутоа тоа од претходно се знаеше и Флик го изведе на теренот најсилниот состав со кој располага во моментов. ...

Ханси Флик може да биде задоволен од реакцијата на неговиот тим и трите постигнати гола во мрежата на Зомер, но истовремено и малку разочаран од лошиот влез во полуфиналето кое го имаше Барселона на домашен терен. Интер поведе со два брзи гола и ги принуди каталонците да бркаат резултат, а дури и во ситуација кога Барса одговори со два погодоци, гостите беа тие кои повторно имаа предност на семафорот. Тренерот на Барселона вели дека заедно со ...