Општина Илинден денеска доби нов здравствен дом, прв по половина век. Во објектот изграден на локацијата на старата амбуланта, на две нивоа со површина од 600 метри квадратни, се сместени 14 современи ординации, за основна здравствена заштита, но и специјалистички здравствени услуги. Во амбулантата се вложени 16 милиони денари, по осум милиони денари од буџетите на Министерството за здравство и на Општина Илинден. Заедно со придружната ...

По половина век, жителите на Илинден ќе можат да се лекуваат во општината каде живеат. Новиот здравствен дом е изграден на местото на старата амбуланта. На 600 квадратни метри ќе има 14 ординации, ќе работат општи лекари и специјалисти, здравствена грижа ќе им се дава на над 30 илјади жители од Илинден и соседната општина, кои повеќе не ќе мораат да патуваат по 20 километри за да добијат здравствена грижа. „Во овој нов објект, граѓаните ќе ...