Социјалдемократите му порачаа на Бране Петрушевски, дека тој не знае ништо друго да прави, освен да држи прес-конференции и да глуми опозиција и дека треба да знае дека сите судии кои денес се дел од судскиот систем се од „тефтерчињата“ на неговите партиски поранешни функционери. „Петрушевски треба исто така, да ѝ каже на јавноста дека токму ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ, донесе закон со кој се намалија казните. Добро познатиот Михајло Маневски го ...

„За речиси цела година, колку што се на власт, од реформи во судството досега успеаја само да изберат сопруга на нивен градоначалник во Судскиот совет и баџанак на нивниот партнер Изет Меџити за судија. Тоа се реформите на ВМРО-ДПМНЕ во судството. Цела година Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту една реформа и нема донесено ниту еден реформски закон. Цела година Петрушевски само држи партиски прес-конференции, се заканува од ...