Охрид, 3. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнуваат градежни активности на автопатот А2, на делницата Кичево-Охрид, од километар 0 до 11.5, на потегот од Пресека до Песочан, поради што ќе има временa измена на режимот на сообраќај и пренасочување (девијација), информираат од Автомото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Ги известуваат возачите дека овој времен режим ќе важи до завршување на градежните работи. (Крај) извор: АМСМ фото: ...
Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до нивните домови, а никој не им објаснил дали ќе добијат пристап до своите куќи. Во Подмолје, жителите велат дека сега се приморани да прават цел круг низ селото за да излезат на главниот пат. „Помина една жена тука и не знаеше каде да оди. ...