Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја размрда економската сцена, откако со навредливи зборови го нападна претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, со што ја доведе во прашање независноста на централната банка. Поради ова, берзанските индекси на Волстрит остро паднаа, а доларот ослабе на светските девизни пазари. Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел – досега тоа го правеше со барања за намалување на каматните ...
На валутните пазари во претпладневно тргување во петокот, благо се зголеми вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,78 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето беше 99,70 поени. Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се зголеми ...