„Таа нивна мисија сѐ уште не е завршена, таа нивна визија ќе треба да ја продолжиме сѐ посилно и посилно, за да си го потврдуваме се почесто нашиот идентитет, нашиот преубав јазик, нашата култура и традиција“, истакна министерот Љутков. Во организација на Министерството за култура, во рамки на културната програма за одбележување на празникот, вечерва во Рим, пијанистот Симон Трпчески ќе настапи со концертот „Македонисимо“. „Го одбравме ...

На концертот присуствуваше македонската државно-црковна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која од вчера е во Рим и Ватикан, по повод чествувањето на 24 Мај. Министерот за култура Зоран Љутков, кој е дел од делегацијата и чие Министерство е организатор на настанот, ги поздрави гостите истакнувајќи дека манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, повеќе од пет децении се одржува во вечниот Рим, каде што ...