Ѓоковиќ ќе стартува против Французинот Александар Милер кој во моментов е 40. играч во светот и загубил два натпревари на трева оваа сезона. Во второто коло Новак ќе игра со домашен играч, Ден Еванс или Џејк Кларк. Ако нема изненадувања во третото коло може за противник да го има Алекс Микелсен чиј прв ривал е Миомир Кецмановиќ. Во осминафиналето прогнозата е дека ќе игра против Алекс де Минор кој на патот дотаму од потешките го има Томаш Махач. ...

Најновата АТП ранг-листа во пресрет на Вимблдон не понуди промени во топ десет на светот. Јаник Синер е лидер на рангирањето со 10.430 поени, а второпласиран е Карлос Алкараз со 9.300. Следува поголема „дупка“, па на третото место сигурен е Александер Зверев со 6.500 поени. Следуваат Дрејпер, Фриц, Ѓоковиќ, Мусети, Руд, Медведев и Шелтон. На Вимблдон најмногу може да загуби Алкараз како бранител на трофејот, како и Новак Ѓоковиќ кој беше ...