Брисел и Софија со различно толкување кои се обврските на Македонија на патот кон ЕУ. Ова денеска го изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, коментирајќи го барањето на бугарскиот премиер, Росен Жељазков до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да им пренесе на македонските политичари дека Бугарија нема да бара од земјава ништо надвор од тоа што е содржано во Преговарачката рамка, Договорот за добрососедство и ...
Сите европски претставници велат, за отворање поглавја потребно е само да направиме уставни промени, но Бугарија сака уставни промени и протоколите меѓу кои и вториот во кој има билатерални барања и можат да станат нова пречка, вели министерот за европски прашања Муртезани. Ова е една од темите на разговорите и со еврокомесарката Кос. За исполнување на преговарачката рамка, за да се отвори првиот кластер поглавја темели, во последна фаза на ...