Првиот заменик-премиер, Изет Меџити му испрати порака на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, јавува ТВ21. Меџити вели дека коалицијата Вреди вечерва донела одлука дека светлата се гасат за лицемерието. „Те повикавме да бидеш носител на промената. Стана симбол на Револуцијата на светлата. Иако изгуби во својот град, делеше ‘Ефридол’ за ДУИ. Твојата еуфорија изгледа била само за пред камери. Ништо искрено. Ниедно вистинско светло. ...

Непринципиелната политика на две столчиња, на нејасни позиции каде што не се знае кој е партнер, кој сојузник, а кој противник – заврши! Ова е пораката од „Влен“ упатена до лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари кој најави дека на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени листи за советници. Тројцата лидери на „Влен“ вчера имаа средба со премиерот Христијан Мицкоски, а претходно премиерот имаше средба и со лидерот на Алијанса ...