Советот на Град Скопје едногласно го усвои буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оцени дека документот претставува доказ за „ред, визија и резултати“, најавувајќи засилен инвестициски циклус во наредниот период. Основниот буџет изнесува 5,201,600,000 денари, што е зголемување од 12,04 проценти во однос на 2025 година. Според градоначалникот, растот е резултат на подобрена наплата на приходите во ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против. Тој истакнува дека со новиот буџет се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот, обезбедувајќи конкретни резултати за граѓаните. „Буџетот за 2026 е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има резултати. Сакам да им се заблагодарам на сите советници кои ...
Буџетот на Град Скопје денеска беше едногласно изгласан на седница, информираат од Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека им се заблагодарува од срце на сите советници кои го поддржале буџетот и ветува дека, како што вели, следува преродба на градот. „Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа. Основниот Буџет ...

