Сите поголеми мобилни оператори престанаа да работат во цела Шпанија, само четири недели по претходниот прекин на електричната енергија во целата земја. Ова ги вклучува водечките мрежи во земјата, како што се „Мовистар“, „Оринџ“, „Водафон“, „Дигимобил“ и „О2“, пишува „Метро“. Според веб-страницата на „Даундетектор“, проблемите почнале околу 5 часот утрово. Ова влијае на поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги и поголемите градови, како Мадрид, ...

Во Шпанија денеска неколку часа беа нарушени телефонските комуникации и интернет врските поради дефект на шпанскиот телекомуникациски оператор „Телефоника“ (Telefonica), што предизвика и проблеми при повикување на итните служби во повеќе региони. – Работите на модернизацијата на мрежата влијаеја на фиксните комуникациски услуги (фиксни телефони и интернет) во некои компании. Службите за итни случаи, до кои се доаѓа со повик на 112 и кои беа ...