Екипата на Челзи повторно го победи Ѓургарден (1-0) и со максимален учинок дојде до финалето во Конференциската лига на УЕФА. „Сините“ имаа сезона за паметење во третото натпреварување во европскиот фудбал и доживеаја само еден пораз во групната фаза и во нокаут-рундата, тоа беше од Легија во претходното коло, четвртфиналето. На „Стемфорд Бриџ“ мечот беше рутина, иако го реши еден гол. Челзи дојде до победа благодарение на голот на Кјеран ...

Фудбалерите на Челзи ќе имаат историска шанса на 28 мај во Вроцлав – доколку го освојат трофејот од Конференциската лига против Бетис, лондонскиот клуб ќе стане првиот што ги има во витрината сите трофеи што ги доделува УЕФА. „Сините“ веќе се двапати европски шампиони (2012, 2021), имаат ист број титули и во Лигата на Европа (2013, 2019), како и два трофеи од Купот на победници на купови (1971, 1998), плус двоен триумф во Суперкупот на Европа ...