Потрошувачите во Македонија се принудени на скапи и бавни индивидуални тужби поради блокираниот Закон за парнична постапка. Додека европските земји од 2020 година се законски обврзани да воведат колективни тужби, Северна Македонија и понатаму нема функционален механизам за групна заштита на потрошувачите. Причината е недонесувањето на новиот Закон за парнична постапка, кој веќе еднаш помина собраниска процедура, но без објаснување е повлечен од ...

Како што истакна претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова, македонските потрошувачи во овој момент имаат помалку права од европските заради бидејќи се уште не е транспонирана Директивата за заштита на колективните интереси на потрошувачите. „Директивата за заштита на колективните интереси на потрошувачите кај нас не е транспонирана во Законот за потрошувачи кога се носеше пред две години. Таму е старата директива која не дава толку многу ...