Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се собраа на состанок во Брисел за да разговараат за барањето на Доналд Трамп членките на НАТО да ги зголемат трошоцоте за одбраната од сегашните 2 отсто на 5 отсто од својот бруто домашен производ. Американскиот секретар за одбрана изјави дека е уверен дека членките на НАТО ќе го потпишат барањето на Трамп , потенцирајки дека мора да се случи до лидерскиот самит на НАТО закажан за 24 и 25 јуни. - ...

Продолжуваат интензивните руски воздушни напади на украинско тло. Најтешко погоден е Харков, вториот по големина град во Украина. Градоначалникот на Харков информираше за три жртви и над 20 повредени, вклучувајќи бебе и 14 годишно девојче. Нападот го оцени како најсилниот што го погодил градот од почетокот на војната. - Беше ужасно утро во Харков, кој беше погоден од 48 Шахеди, четири наведувани бомби и два прокетили. Погодена е цивилна ...

Сирените се огласија во Ерусалим во текот на ноќта кога проектил од Јемен беше лансиран кон Израел и беше пресретнат од системите за воздушна одбрана соопшти израелската војска. Хутите продолжија да гаѓаат проектили кон Израел,. Израелската војска соопшти дека напаѓа цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, а либанската државна новинска агенција објави три напади. Израелската армија претходно им порача на жителите на четирите населби ...