Пропадна обидот на либералката Моника Зајкова да се смени изборниот модел така што Македонија да биде една изборна единица, а да се гласа отворени листа. Предлогот-измените на Изборниот законик, предложени од ЛДП, доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. – Не е фер гласовите на околу 30.000 до 40.000 граѓани да одат во вода, само поради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост ...

Предлогот на ЛДП за една изборна единица со отворени листи се најде на маса пред пратениците, но не доби поддршка. За него гласаа само 19 пратеници од опозицијата. Иако претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е за една изборна единица, но да гласаат и граѓаните во дијаспората, пратениците од владеачката партија и владината коалиција сочинета и од ЗНАМ и ВЛЕН, не го поддржаа предлогот. По гласањето, ...