Екипите на Ѓер и Одензе ги добија полуфиналните борби на завршниот турнир во Будимпешта и утре ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. Актуелниот шампион Ѓер доби силен отпор од Есбјерг, но фаворитот сепак го имаше последниот збор и со 29-28 дојде до посакуваниот резултат. Најдобри во победничкиот тим беа Хоушер со седум и Нзе Минко со пет погодоци, додека кај Есбјерг, Реистад беше прецизна седум пати. Далеку подраматично беше во ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен испишаа историја и стигнаа до првата титула во Лигата на шампионите, откако синоќа во финалето на „Алијанц арената“ го прегазија Интер со убедливи 5-0. Луис Енрике покажа дека тимот е поважен од поединецот. Иако на стартот на сезоната Килијан Мбапе замина од Париз, францускиот тим ја има најдобрата сезона во историјата во која стигна до тројна титула. „Светците“ стигнаа до брзо водство од 1-0 со погодокот на Ашраф ...