Вечерва, булеварот 11-ти Октомври во Скопје ќе биде целосно затворен за сообраќај во двете насоки, и тоа во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), затворањето ќе се одвива на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин. Сообраќајот во овој период ќе се пренасочува по околните улици, а полицијата ќе биде присутна на терен ...

Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. Фото: МИА ...