Низ Франција денеска се одржаа масовни протести против најавените буџетски кратења и реформите на владата, со судири со полицијата во повеќе градови има и десетици приведени. До попладне, бројот на уапсени достигна најмалку 99, од кои 15 во парискиот регион, јави BFM TV. Во Лион беа повредени тројца, меѓу кои еден новинар и еден полицаец, по фрлање проектили кон полицијата. Демонстранти накратко влегле во комплексот на Министерството за ...

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се приведени, вклучувајќи 16 во Париз. Повредени се и осум полицајци, објавува „Ле Паризиен“. Препорачано Студентскиот сојуз објави дека повеќе од 110.000 млади луѓе учествуваат во денешниот штрајк. Според „Ле Паризиен“, утрово беа блокирани 14 универзитети, а масовни мобилизации беа проследени од млади луѓе во ситe ...