„Кинеската војска целеше кон германски авион со ласер. Доведувањето во опасност на германскиот персонал и попречувањето на операцијата е целосно неприфатливо. Затоа кинескиот амбасадор во Германија е повикан на разговори“, се вели во соопштението на германското Министерство за надворешни работи. Според германските медиуми, до амбасадорот Денг Хонгбо веќе е испратена протестна нота. Инцидентот се случил пред неколку дена кога екипажот на кинеска ...
Берлин го повика кинескиот амбасадор на вонреден разговор, откако германското Министерство за одбрана соопшти дека кинески воен брод насочил ласерски зрак кон германски авион кој учествува во европската поморска операција „Аспидес“ во Црвеното Море. Според министерството, инцидентот се случил на почетокот на јули за време на рутински лет за извидување, при што е прекината мисијата од претпазливост, а леталото безбедно слетало во базата во ...