Погребот на папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст, се одржува денеска на Плоштадот Свети Петар. Потоа, папата ќе биде погребан во римската базилика Света Марија Велика во Ватикан. Повеќе од 200.000 луѓе присуствуваат на церемонијата на пространиот плоштад пред базиликата Свети Петар. Потврдено е присуството на околу 50 шефови на држави, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп и 10 владејачки монарси. ...

По религиозната церемонија на која присуствуваа стотици илјади верници, ковчегот со телото на папата Франциско пристигна во црквата Санта Марија Маџоре, каде што самата погребна церемонија ќе се изврши зад затворени врати. Верската церемонија на која присуствуваа бројни кардинали, архиепископи и бискупи се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Малку по 10 часот, свештениците, архиепископите и кардиналите ја започнаа погребната миса на овој ...