Министерот за правда се надева дека Социјалдемократите ќе се преиспитаат и ќе номинираат нови имиња за работната група што ќе работи на реформи за правосудството, според договорот на тет-а -тет средбата Мицкоски со Филипче. Предлогот, во работата да учествуваат потпретседателката Ана Чупеска и Ана Михајлова Стратилати, за него не е добар и нема да донесе добри решенија. Причината е што и двете беа дел од групата која во 2023 година ги правеше ...

Министерот за правда Игор Филков порачува дека е тешко да се стигне до добро решение со имиња кои учествувале и биле креатори на проблемите и бара од СДСМ да предложи нови имиња во работната група за реформската агенда во делот на правосудството. -Сакам да верувам во добрата намера да се помогне и да се учествува во било каков процес, но мора да бидеме свесни дека со имиња кои учествувале и биле креатори на проблемите тешко ќе стасаме до добро ...