Во земјава регистрирани неколку пожари. Борбата со огнената стихија во Чучер Сандево продолжи и изутрината. Во гаснењето ангажирани и два хеликоптера, а во текот на измината ноќ екипи дежураа на терен. Зафатена е густа мешана шума и ниска вегетација. Пожарот на Блаце го затвори патот и граничниот премин, но од вчера попладне сообраќајот повторно е нормализиран. Општината Чучер Сандево свика вонредна седница поради големиот пожар што ги зафати ...
Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради активните пожари на нејзиното подрачје. Ова вечерва го објави градоначалникот Сашко Комненовиќ во видеообраќање до граѓаните на општината и до јавноста. Одлуката, како што рече Комненовиќ, е донесена затоа што состојбата со пожарите и натаму е вон контрола, сериозна и загрижувачка. „Ситуацијата е сериозна и бара вклучување на сите расположливи ресурси. Пожарот зафати густа ...