„Оставка сѐ уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи“, рече Гаши на денешната средба со новинарите. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од Вреди. „На последната координација немаше никој од Вреди. На координација ги викаме координаторите додека тие официјално се координатори. Кога ќе имаме нова состојба ќе го поканиме оној којшто ќе биде координатор“, појасни Гаши. Министерот ...
Сè уште не е постигнат консензус за нејзината обврска да предложи кандидат за наследник на актуелната гувернерка Анета Ангеловска-Бежовска, чиј мандат истекува на 21 мај. Го добила писмото од Собранието на 16 април, како што рече, „само еден месец и тоа е кусо време“. „Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат“, рече Сиљановска-Давкова во интервју за ТВ Телма. Таа реагираше и на начинот на кој некои медиуми ...