Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп поради заложничка драма во градот. Според неофицијалните информации лице со оружје држи во заложништво повеќе лица. На терен се повеќе полициски екипи, а согласно процедурите ќе биде испратен и преговарач. До овој момент немаме точни информации дали има повредени. Засега од МВР ниту го потврдуваат, ниту го демантираат настанот. Инфомакс испрати прашање до портпаролката на СВР Битола, меѓутоа засега ...
Министерството за внатрешни работи се уште не одговара на поставените прашања во врска со заложничката драма во Прилеп. Инфомакс претходно објави дека во градот има зголемено полициско присуство и дека надлетуваат хеликоптери. Неофицијално драмата почнала околу три часот попладне, зошто од страна на МВР не е реагирано порано засега не се знае. Очевидци на настанот велат дека неколку лица биле во заложништво. Полицијата пробала, доцна вечерва, ...