Владината стратегија на поцврст став кон сè она што значи уцена и условување на евроинтеграцискиот пат, проследена со интензивната дипломатска активност, ги дава посакуваните ефекти. Во Брисел веќе има нови ветришта кои носат добри вести за Македонија. Како последно, во резолуцијата која треба да се усвои во Европскиот парламент, во чиј текст има јасна и недвосмислена потврда на македонскиот идентитет и јазик – и тоа на четири места. Премиерот ...

Додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции, порача премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница одговарајќи на пратенички прашања во Собранието во однос на уставните измени коишто треба да ги направи земјата, со цел да се забрза патот кон ЕУ.Тој повторно ја повика опозицијата да лобира заедно со владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјата, кој ...