Од Основниот кривичен суд Скопје денеска соопштија дека станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и оти судот ги презема сите законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките Тоа што и по речиси три месеци од поднесувањето на обвинението, тоа сè уште не е е оценето, од Кривичен како појаснување посочуваат предмети со големи број обвинети ...
Обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се наоѓа во фаза на оценка, соопштија од Основниот кривичен суд – Скопје. Од судот информираат дека досега се доставени вкупно 40 приговори од страна на обвинетите и нивните бранители. „Приговорите се проследуваат до обвинителството“, додаваат од институцијата. Во моментот Советот за оценка ги разгледува сите приговори, по што ќе следи одлука. „Јавноста ќе биде известена навремено“, ...