Кривичниот суд во целост го одобри обвинението за пожарот во кочанската дискотека Пулс по речиси три месеци по неговото добивање. Ова следи откако судот во Кочани на 2 јули го достави актот до судот во Скопје, а по неколку дена на 8 јули и дополнение на истиот. Од Кривичниот суд велат дека биле ангажирани сите расположливи ресурси за навремено и законито постапување, за да не се создадат непотребни пропусти кои би ја компромитирале постапката. ...

37 обвинети за стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ седнуваат на обвинителна клупа. Ќе им се суди за тешки дела против општата сигурност. Советот за оценка го одобри обвинението, а со главната расправа ќе раководи судијката Диана Груевска – Илиевска. Од Кривичен појаснуваат дека оценката на обвинението била забавена, бидејќи две од три судијки колку што првично биле во Советот побарале изземање. Едната имала ќерка која е адвокат на обвинет во ...