На девизните пазари еврото зајакна за 0,3 отсто во однос на доларот, на 1,1397 долари, што е највисоко ниво од крајот на април. Во меѓувреме, доларот малку закрепна, зголемувајќи се за 0,3 отсто во однос на јенот, на 143,085 јени, откако во петокот падна за еден процент во однос на јапонската валута. Индексот на доларот, кој ја изразува изведбата на американската во однос на шест други светски валути, утрово падна за 0,83 отсто, на 99,08 поени. ...
Вредноста на американскиот долар забележа пад откако агенција Мудис (Moody’s) го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците. Доларот минатата недела забележа пад од 1,9 отсто во однос на шесте најважни светски валути. Вредноста на еврото во однос на доларот забележа раст од 1,7 проценти односно едно евро се менува за 1,1360 ...