„САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит. Стефчо Јакимовски местел тендери и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија. Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. ...
Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери како лице вклучено во криминални активности и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата невдуваат дека Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои: Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен ...