Екипите на Брера Струмица и Шкупи се сретнаа во „дербито на дното“ од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, а победата замина кај домашниот тим, кој славеше со минимални 1-0 (0-0). Натпреварот започна со малку помирно темпо, иако гостите од Скопје беа тие што беа во подобар ритам и создадоа две шанси во воведниот период. Брера се трудеше да продре низ средината и да пријде до голот, но одбраната на чаирчани беше солидно поставена. ...
АП Брера успеа да стигне до првата победа во Првата македонска фудбалска лига оваа сезона, откако го совлада Шкупи со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Кире Стојанов во 85 минута од мечот. Препорачано Беше тоа борбен натпревар во Струмица, а Брера покажа за нијанса повеќе, токму за да ги освои бодовите. На стартот, Сухељ Мухарем во 18 минута постигна гол за Шкупи, но беше досуден офсајд, а потоа одлуката беше потврдена и од ВАР собата. Во ...
Тимот на Силекс продолжува да ниже победи во Првата македонска фудбалска лига, а нова жртва беше составот на Работнички кој настрада во Кратово со 3-1. Четата на Васоски беше фаворит и дојде до трите бода со погодоците на Хрвановиќ, Алиќ и Матески. На другата страна прецизен беше Асани и тоа од белата точка. За разлика од Силекс кој има „пет од пет“, „романтичарите“ се очајни и од вкупно 15 имаат освоено само еден бод. Екипата на Брера Струмица ...