Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, предупреди дека директната американска воена помош за Израел би можела радикално да ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, каде што воздушната војна меѓу Иран и Израел беснее веќе шест дена. Рјабков, според новинската агенција Интерфакс, рече дека Русија ги предупредува САД да не му даваат таква помош на Израел, па дури ни да разгледуваат такви „шпекулативни опции“. ...

Напнатата ситуација на Блискиот Исток е опасна не само за регионот, туку и за целиот свет, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Препорачано „Проширувањето на бројот на учесници во конфликтот е потенцијално уште поопасно, тоа само ќе доведе до уште една рунда конфронтација и ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков во интервју за британскиот телевизиски канал Скај њуз. Песков, исто така, истакна дека медиумските ...