„Народот на Техеран наскоро ќе ја плати цената“, изјави министерот за одбрана на Израел за смртоносните напади кои ги изврши Иран во текот на ноќта во неделата, 15 јуни. Министерот Израел Кац на социјалните мрежи го нарече ајатолахот Али Хамнеи „кукавички убиец кој намерно гаѓа цивили“. Најмалку 4 лица, две жени и двајца мажи (сите во седумдесеттите години) беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите за итни ...
Најмалку 287 лица, повредени во воздушните напади на Иран врз израелски цели во текот на ноќта, се пренесени во болници, соопшти израелското Министерство за здравство. Едно лице е во сериозна состојба, а 14 повредени имаат умерени повреди, вклучувајќи 2 лица – хоспитализирани во детска болница во Петах Тиква. Повеќето, како што пренесува Тајмс оф Израел, имаат полесни повреди или се во шок. Министерството за здравство не ја соопшти состојбата на ...