Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење, а сега доаѓа ново време, рече денеска Тони Коњановски, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, кој е в трка за втор мандат. – Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, ...

Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град, достоен за сите. Изминативе речиси четири години, Битола секојдневно се развиваше и градеше. Така и ќе продолжиме. Во овој мандат, Битола конечно ќе добие модерен булеварски влез од страната на Охрид, како прв впечаток за сите посетители од оваа страна и симбол на новото време за Битола, истакна Тони Коњановски, актуелен градоначалник на Битола и кандидат за уште еден мандат. -Почнуваме ...