Директорот Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце. Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот. На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР. Патот кон граничниот премин ...
Сообраќајот беше во прекин поради пожар кај селото Јажинце Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце и кон граничниот премин кон Косово попладнево повторно е пуштен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Граничниот премин ‘Јажинце’ и патниот правец кон Република Косово се повторно отворени за сообраќај“, вели директорот на ЦУК Мухамед Али. Дека сообраќајот е нормализиран и оти граничниот премин „Јажинце“ е отворен известија и од ...
Голем пожар изби попладнево во околината на Јажинце, при што патот кон граничниот премин со Косово е целосно затворен. Директорот на ЦУК, Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на ширењето на огнената стихија. На терен се сите противпожарни екипи од Тетово, заедно со две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Кон местото на пожарот се упатени и авион „Ер Трактор“ од ...