Првото јавно обраќање на ајатолахот Али Хамнеи по прогласениот прекин на огнот со Израел упати силна порака до Вашингтон и Тел Авив. Иранскиот врховен лидер изјави дека нападот врз американската воздухопловна база во Катар е јасен сигнал дека Исламската Република е подготвена да реагира секогаш кога ќе се почувствува загрозена. Хамнеи, во пораката што беше емитувана преку државната телевизија, првпат се појави по речиси две недели отсуство. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес беше особено вознемирен од изјавата на врховниот лидер на Исламската Република Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кога во видео порака рече дека Техеран, покрај тоа што го победил Израел, постигнал и „победа над режимот на Соединетите Американски Држави“. Трамп даде изјава на социјалната мрежа „Truth“. Како што истакна на самиот почеток, „изјавата на ајатолахот Али Хамнеи е глупава и лажна“. – Зошто ...