Владата донесе одлука за ограничување на трговските маржи на 10% во малопродажбата и големопродажбата со цел да ги намали високите цени на основните прехранбени производи. Оваа мерка, која произлезе од извештајот на Државниот пазарен инспекторат, се очекува да доведе до намалување на цените на повеќе од 100 производи до крајот на април. Дополнително, маркетите ќе имаат обврска јавно да ги објавуваат цените, а Владата ќе продолжи со разгледување ...
Мицкоски очекува предлогот во текот на утрешниот ден да биде донесен на итна владина седница и да биде спроведен од страна на маркетите Со ограничувањето на маржата на 10 отсто во трговијата на мало и на големо очекувам да има драстично намалување на цените на оние производи што вистински ги користат граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, предлогот во работна верзија веќе го има и тој во текот на денот ќе се усогласува. ...