Струга и Шкендија одиграа вистинско дерби на два тима кои имаат највисоки амбиции оваа сезона, а во еден натпревар кој понуди далеку подобро второ полувреме, на крајот гостите се тие кои треба да бидат позадоволни од конечните 1:1. Иако имаше офанзивен пристап и од двата тима во првиот дел, воведните 45 минути не донесоа поголемо возбудување и на пауза се замина со резултат 0:0, но веднаш по стартот на вториот дел, стана јасно дека ќе биде ...
Екипите на Струга Трим Лум и Шкендија одиграа без победник во денешното дерби од шестото коло од Првата македонска фудбалска лига. Конечниот резултат во Струга беше 1-1, откако домаќинот до бодот стигна со погодок од пенал. Токму таа судиска одлука беше сомнителна за тренерот на шампионот, Јетон Беќири, кој по натпреварот изјави: „Ова беше вистински дерби натпревар. Игравме против тим кој имаше пет победи и максимална самодоверба. Не можеме да ...