Германскиот бундеслигаш,Вецлар беше приморан одново да се активира на трансфер-пазарот и помеѓу стативите се засили со Карим Хендави. Некогашниот голман на Еурофарм Пелистер, кој летово беше пред враќање во Македонија (за него имаше интерес токму од македонскиот шампион, но и од Охрид), со Вецлар потпиша договор до крајот на оваа сезона. Причината зошто германскиот клуб се реши да доведе нов голман е тешката повреда на Барт Равенсберген, кој ги ...
Кадетските екипи на Еурофарм Пелистер и Младост Богданци го завршија учеството на турнирот „Атанас Карабељов“ во Бугарија, кој донесе многу возбудливи натпревари и медал за македонска екипа. Избраниците на Фарук Мемиќ турнирот го завршија на третото место, откако во драматичен дуел за бронзата славеа над романскиот Аватар Брашов со 32-31. Претходно, во полуфиналето младите пелистерци загубија во продолжението од грчка Драма. Во групната фаза ...