Ливерпул е екипата која треба да се победи кога е во прашање Премиер лигата затоа што се работи за актуелен шампион, но и тим кој потроши голема сума на пари во летниот преоден рок и со тоа испрати јасна порака дека планира да остане на врвот. „Црвените“ и покрај вложувањата не блескаа во трите рунди во шампионатот, но она што е најважно за нив ги добија сите дуели и со девет бода се на врвот пред Челси со седум поени и уште пет клубови кои ...
Арсенал веќе неколку сезони има квалитетен состав, а во летниот преоден рок истиот го надогради со уште неколку квалитетни имиња кои треба да му помогнат конечно да го направи тој исчекор и дојде до пехар во Премиер лигата. „Топчиите“ три години по ред се втори и се очекува во оваа кампања да нападнат и дојдат до пехарот, но според менаџерот Микел Артета тие не се фаворити и тој статус го има актуелниот првак и воедно лидер на табелата Ливерпул. ...