Естонската морнарица објави дека се обидела да запре танкер за нафта што се движел кон Русија, брод кој е под санкции од Велика Британија, велејќи дека пловел нелегално без знаме, но не се качила на него, туку го испратила до руските води. „Јагуар“, кој Велика Британија го додаде на својата листа со санкции минатиот петок, е еден од околу 100 бродови во руската „флота во сенка“, термин што западните земји го користат за бродови што ги обвинуваат ...
Советот на државите од Балтичкото Море повика на воведување нови правила за поморски снабдувања што би овозможиле построга заедничка акција против таканаречената руска „флота во сенка“, објави ДПА. Почитувањето на меѓународните прописи и правото на морето е неопходно, изјавија министрите за надворешни работи на 11-те земји-членки на Советот по денешниот состанок во Естонија. „Ни требаат подобри регулативи што создаваат предвидлива и безбедна ...