Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, Барселона и Интер одиграа возбудливо реми 3:3. Интер двапати водеше (0:2 и 2:3), но Каталонците успеаја да се вратат и да го израмнат резултатот. Повратниот натпревар е закажан за вторник во Милано, со почеток во 21:00 часот. Средбата беше тема на анализа во студиото на CBS Sports, каде што поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри изрази носталгија по укинатото правило за гол ...

Легендарниот фудбалер Тиери Анри (47) го анализираше синоќешниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Интер (3:3) во студиото на CBS Sports и истакна дека му недостига правилото за гол на гости кое беше укинато пред четири години. „Иако знам дека правилото е вакво веќе долго време и мора да го прифатиме, токму разговарав со Џејми Карагер и му реков: „Како можеш да постигнеш три гола на гостински терен, а да ...