Повеќе од 78.000 жители се евакуирани во државата Вашингтон на северозападот од САД, поради големи поплави предизвикани од неколкудневни интензивни врнежи, јавува AP. Поплавите заробија семејства на покривите од нивните домови, уништија мостови и предизвикаа сериозна материјална штета, вклучително и најмалку две куќи целосно изместени од темелите. Гувернерот Боб Фергусон прогласи вонредна состојба и апелираше граѓаните да ги почитуваат наредбите ...

Се подобрува ситуацијата во сојузната држава Вашингтон по историските поплави што го зафатија северозападот од земјата. Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива. Поројните дождови предизвикаа евакуации, поплавија цели заедници и предизвикаа драматични спасувања од покривите и возилата. Поради тешките услови беше ...

Гувернерот на државата Вашингтон, Боб Фергусон, предупреди дека 100.000 луѓе ќе мора да се евакуираат поради силни поплави. Војниците на Националната гарда одат од врата до врата од раните утрински часови по локално време за да ги евакуираат жителите на населбите северно од Сиетл. Силни поплави го погодија западниот дел на државата Вашингтон. Водата однесе многу мостови и откорна куќи од нивните темели, а многу семејства се засолнија на своите ...