Настапот на Дино Мерлин во Штип на традиционалната „Патрмајлијада“, лесно може да се оцени како еден од најголемите музички настани во Македонија годинава. Возила од Скопје, Неготино, Прилеп, Струмица, Куманово, Крушево, Велес, Битола … практично од цела Македонија, ги преплавија градските улици исполнувајќи го секое слободно местенце за паркинг. Во исто време, над 100.000 луѓе го преполнија градскиот стадион, каде што беше поставена големата ...

Според проценките на Општина Штип, 100.000 луѓе од сите делови на земјата и пошироко присуствуваа на концертот на Дино Мерлин синоќа. Километарските редици и сообраќајните блокади беа показател за неверојатен интерес. Безвременските хитови и песни од албумот „Ние“ беа поздравени со овации од публиката, која пееше едногласно. Овој музички и сценски спектакл заокружи серија концерти на отворено што го одбележаа летото во регионот – од стадионот ...