Околу 20 000 м² земјоделско земјиште под пченица, јачмен и други култури изгоре во силен пожар што избувна во саботата, нешто по 13:00 часот, во атарот на селото Ложани, општина Струга. Според СВР Охрид, огнот зафатил парцели во сопственост на повеќе мештани и се ширел брзо поради сувата вегетација и високиот ветер. Територијалната противпожарна единица Струга интервенира со две возила и шест членови на екипата. Тројца пожарникари се здобиле со ...
Пожарот на улицата „Браќа Ставреви“ е изгаснат, хоспитализирани се тројца поради вдишување чад Пожар во куќа во Кочани избувна попладнево, нешто пред 14 часот, на улицата „Браќа Ставреви“. Пожарот е целосно изгаснат, а во гаснењето интервенираа кочанските пожарникари со сите расположливи средства. Поддршка добија и од членовите на Доброволното противпожарно друштво. Од Итната медицинска помош информираат дека се хоспитализирани три лица. Тие се ...