Вечерва ќе го дознаеме првиот патник во финалето на Светското клупско првенство, а прашањето е дали тоа ќе биде премиерлигашот Челси или изненадувањето Флуминенсе. Бразилскиот прволигаш игра квалитен турнир во кој веќе ги елиминираше Интер и Ал Хилал, додека во групната фаза го надигра и бундеслигашот Борусија Дортмунд иако тој меч на крајот заврши без победник (0-0). Челси на хартија е фаворит, меѓутоа од таборот на Флуминенсе веруваат дека ќе ...

Челси е првиот финалист на Светското клупско првенство, откако токму “детето” на бразилскиот клуб Флуминенсе ги постигна двата гола на натпреварот. Жоао Педро имаше можеби деби од соништата за својот нов клуб и тоа против клубот од своето детство и почетоците на неговата професионална кариера. Првиот гол го постигна во 18 минута, а вториот во 56 минута од второто полувреме. Бразилецот ја започна токму во Флуминенсе својата професионална кариера ...