Во неполн период од два месеци, агентот на Јирген Клоп се стави во ситуација да демантира гласини и шпекулации поврзани за неговиот клиент, овојпат откако угледната „Ла Стампа“ излезе со информации дека Германецот ќе биде нов тренер на Рома. Најновото издание на весникот испорача италијанска „бомба“ и сите други светски медиуми ја пренесоа ексклузивата, но само неколку часа подоцна, претставникот на трофејниот германски стручњак излезе со краток ...
Агентот Марк Косицке, кој ги застапува интересите на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, одговори на информациите за можното назначување на неговиот клиент во Рома. Претходно ова го објави италијанскиот весник „Ла Стампа“. -Клоп ќе биде тренер на Рома? Ова не е вистина – изјави Косицк за „Winwin“. Педесет и седумгодишниот Германец го напушти Ливерпул во летото 2024. Тој беше на чело на премиерлигашот од 2015. Пред ова Клоп работеше во ...