По силните турбуленции во претходните две неделни, цената на нафтата деновиве се стабилизира. На крајот на март Брент нафтата чинеше 74,7 долари за барел, а ВТИ (West Texas Intermediate) 71,40 долари. На крајот на тргувањето вчера цената на црното злато изнесуваше околу 65 долари за барел, а на ВТИ нешто над 61 долар. Најниските цени нафтата ги достигна во вторникот минатата недела кога потезите на Трамп збришаа милијарди од берзите. Цената на ...

На валутните пазари во средата во раното претпладнево тргување благо порасна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,70 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,65 поени. Истовремено, курсот на американската во однос на јапонската валута се лизна од ...

И покрај значителниот пад на цените на суровата нафта на светските берзи, граѓаните не почувствуваа поголемо олеснување на бензинските пумпи. Малопродажните цени кај нас, како и во регионот, остануваат високи, а причината, како што покажуваат анализите, се високите државни давачки. Според најновите податоци од Регулаторната комисија за енергетика, набавната цена на горивата изнесува: Но, крајната цена што ја плаќаат граѓаните на пумпите е повеќе ...